Дињата малку наликува на папаја, но овие две овошја немаат ист вкус. Дињата е дел од фамилијата Cucurbitacae, што вклучуваа краставици, тикви и долга листа на слични овошја на нив. Ова овошје е застапено во Кина, САД, Турција, Египет и Иран. Содржи витамини како Ц, Б1, А, Б3, Б6 и К, влакна, фолати, бакар, магнезиум и калиум како и други хранливи материи како јаглехидрати, шеќер, натриум, минерали, масни киселини, аминокиселини и др. Освен што има убава боја, што е вкусно, што има малку калории (една голема диња има 274 калории) и што изобилува со хранливи материи, ова овошје има и голем број здравствени придобивки. Лековити состојки – Дињата е растение кое спаѓа во групата ниско калорични намирници, како што веќе кажавме содржи многу вода и минерали, но содржи и многу други состојки што ја ставаат дињата во категоријата овошја со голема лековите моќ. Еве кои се најважните состојки кои ги содржи дињата: ■ бета каротен, растителни влакна, растителни масти ■ Витамин, А, Б, Е, Ц, железо ■ етерични масла ■ калциум, калиум, магнезиум, натриум, манган, селен, цинк ■ органски киселини ■ пантотенска киселина ■ сулфур, фосфор и др. Дињата е плод кој навистина ви е потребен во летните денови. Таа навистина може да ве освежи, а воедно и на вашиот организам да му даде се што му е потребно за целиот ден. Консумирајте диња секогаш кога можете, бидејќи навистина таа има многу што да ви понуди. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ЏАНКА СЛИВА: Вистинска органска храна! РАДОВИШ: АВИО-ТРЕТИРАЊЕ. СЕ ПРСКАШЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ!