Со многу насмевки, позитивна енергија и прекрасни моменти поминати во природа, успешно заврши манифестацијата „ВелоЛисец Камп-Аут 2026“, која и оваа година ги собра љубителите на велосипедизмот, авантурата и активниот начин на живот. Во текот на двата дена учесниците уживаа во возење по атрактивна off-road патека низ природните убавини на регионот, како и во бројните содржини подготвени за најмладите. Посебно внимание привлече zip-line атракцијата, на која беа реализирани илјадници спуштања, предизвикувајќи возбуда и радост кај децата и посетителите. Годинашното издание доби дополнителна вредност со присуството на гости од повеќе градови низ Македонија, кои беа дел од оваа спортско-рекреативна приказна и придонесоа за уште поубава атмосфера. На Вело-Полигонот учествуваа повеќе од 50 натпреварувачи, распределени во седум категории. Најуспешните беа наградени за своите вештини и постигнати резултати, но организаторите истакнуваат дека вистински победници се сите деца кои покажаа спортски дух, храброст и желба за дружење и активен престој во природа. Убавото време овозможи целосна реализација на програмата, а вечерните часови поминати под отворено небо, исполнети со музика, дружење и нови пријателства, создадоа спомени кои долго ќе се паметат. Организаторите изразија голема благодарност до сите волонтери, поддржувачи, спонзори и учесници кои придонесоа за успешна организација на настанот. „Најголемата награда за нас се среќните детски лица и задоволните родители. Токму тие се нашата мотивација да продолжиме со уште повеќе енергија, нови идеи и уште поголеми авантури во иднина“, истакнаа организаторите. ВелоЛисец Камп-Аут уште еднаш потврди дека спортот, природата и дружењето се вистинската формула за создавање здрави навики, нови пријателства и спомени кои остануваат за цел живот. © RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Нови возила за Македонски пошти во Југоисточниот регион На езерото Мантово успешно се одржа натпреварот во риболов „И РИБОЛОВОТ Е СПОРТ“ – Мантово 2026