Градоначалникот Герасим Конзулов заедно со претставниците на Турската меѓународна агенција за соработка и развој (ТИКА) и програмски координатор Ајтекин Ајден денес беа во посета и увид на работите на проектот за изградба на подрачното училиште во село Калаузлија кое е во склоп на при централното основно училиште Крсте П. Мисирков од Радовиш. Изградбата на оваа училиште од страна на ТИКА е во склоп на нивниот проект „За подобрување на образовните услови во руралните области“, и е ново модерно училиште каде што има две училници и посебен саниратен дел, а исто така посебни простории за наставниците. Оваа училиште е енергетски ефикасно со централно греење. При посетата Градоначалникот Конзулов искажа благодарност до координаторот Ајтекин Ајден и Меѓународната агенција за соработка и развој ТИКА за поддршката на овој проект, истакнувајки дека делот на партерното уредување и поставување на бекатон во дворното место и приклучување на водоводната и електричната мрежа ќе се реализира во наскор временски период, до почетокот на второто полугодие учениците ќе ја реализираат наставата во новото училиште. Post navigation 50 ДАРИТЕЛИ ОД ДЕНЕШНАТА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО РАДОВИШ ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА „ДЕДОТО И РЕПКАТА“