Дебата на тема „Кон родово инклузивен буџет во Општина Радовиш“ на 22.03.2018, во Градска библиотека „Браќа Миладиновци“, со почеток во 17:30 часот. Основната цел на средбата е претставување на наодите, искуствата и препораките од мониторингот на процесот на подготовка на програмите и буџетот за 2018 на Општина Радовиш во однос на пристапот до услуги од сферата на економски развој/Економско зајакнување на жени. Погледнете! Поедничените наоди и препораки од следењето ќе бидат појдовна основа за дебата со локалните чинители, вклучувајќи ги и жените од заедниците, за начините на кои можат да се унапредат процесите на планирање и донесување одлуки со општинските власти да бидат транспарентни, инклузивни и отчетни кон жените од локалната заедница. Специфичната цел на мониторингот е да се идентификува дали и на кој начин општина Радовиш ги третира потребите на жените од локалната заедница, односно предмет на следење беа активностите/мерките и ресурсите на ЕЛС во однос на пристапот до економските можности на жените како приоритетен проблем идентификувани од самите жени, а чие решавање спаѓа во директна надлежност на ЕЛС. Оваа средба е дел од активностите проектот на Акција Здруженска „Застапување на родово инклузивни буџети“, поддржан од Цивика мобилитас, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), кој го спроведуваат NIRAS од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) од Македонија и Шведскиот институт за јавна администрација (SIPU) од Шведска. Женска акција Post navigation ФУДБАЛЕРИТЕ ОД СОУ „КОСТА СУСИНОВ“ ГИ ПРОДОЛЖУВААТ НАТПРЕВАРИТЕ ВО „ФУТСАЛ ЛИГАТА“ ЗА СРЕДНИ УЧИЛИШТА ПЛАКЕТИ ЗА КРВОДАРИТЕЛИТЕ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА КРВОДАРИТЕЛСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА