Рудникот Бучим распиша оглас за вработување Информирајте се подетално за работните задачи и потребните квалификации, како и начинот на аплицирање: Заменик градежен инженер РАБОТНИ ЗАДАЧИ: Управување и координација на градежни проекти: Координира подготовка, извршување и контрола на градежни проекти (нови патишта, пристапни патишта, индустриски објекти, реконструкции), следи рокови, буџет, квалитет и технички спецификации; Планирање и организација на одржување на патишта и објекти: Планира и организира тековно, периодично и вонредно одржување на патишта, мостови, потпорни ѕидови, дренажни системи и индустриски објекти во склоп на друштвото (асфалтирање, крпеж, чистење канали, стабилизација на косини); Контрола на квалитет, безбедност и технички прием: Надгледува примена на стандарди за квалитет и безбедност на градилиштата, учествува во комисии за технички прием на завршени работи и врши теренски контроли на состојбата на инфраструктурата. ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ: ВСС – Градежен факултет; Работно искуство од најмалку 3 години работа на терен; Потребно познавање на MS Office, AutoCAD; Познавање на англиски јазик; Возачка дозвола Б категорија. ШТО НУДИМЕ: Конкурентни услови за работа со месечна плата која одговара на квалификациите и искуството;; Обезбеден оброк и превоз до и од местото на работа; Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа; Почетен договор на определено време, со можност за продолжување. РАБОТНО ВРЕМЕ: Работа во дневна смена од понеделник до петок: 08:00 – 16:00 часот Доколку сте заинтересирани за оваа позиција, Ве молиме да го испратите Вашето CV (работна биографија) на македонски јазик на [email protected], заедно со копија од дипломата за завршено образование. Во предметот на пораката наведете “Оглас за Заменик градежен инженер”. Краен рок за поднесување на апликации: 01.03.2026 година. Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Нецелосно пополнетите CV и непотполна документација нема да бидат разгледани. ДПТУ Бучим ДООЕЛ го задржува правото да не ја пополни огласената позиција. Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ЈП „Плаваја“ од Радовиш започна со редовното пролетно планирање (рамнење) на градското ѓубриште. Распишан тендер за набавка на медицински услуги за потребите на рудник Бучим