Оваа активност се спроведува континуирано со цел да се обезбеди простор за нормално и организирано депонирање на отпадот, како и олеснето движење на специјалните возила. Паралелно со рамнењето, се врши и набивање на отпадот под дејство на движењето и тежината на работната механизација. Набиеноста е од особена важност, бидејќи обезбедува стабилност на депонираниот отпад, намалување на неговиот волумен и продолжување на работниот век на ѓубриштето. Со правилно набивање се намалува ризикот од самозапалување, појава на празнини и неконтролирано спуштање на теренот. Со оваа периодична акција се создаваат услови за поефикасно и побезбедно управување со отпадот кој се депонира на градското ѓубриште. Информираат од ЈП „Плаваја“ Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Градоначалникот Почивалец во обиколка по населените места и во градот Радовиш Oглас за вработување во Рудникот Бучим: Заменик градежен инженер