Се известуваат сите граѓани на десетте општини во Југоисточниот плански регион, дека второто прскање против возрасни комарци ќе се изврши во период од 07 до 09 Јули 2021 година, со следниот распоред: На 07.07.2021 година (Среда), во период од 20 до 04 часот во општините Радовиш и Конче. На 08.07.2021 година (Четврток), во период од 20 до 04 часот во општините Ново Село, Босилово, Василево и Струмица. На 09.07.2021 година (Петок), во период од 20 до 04 часот во општините Гевгелија, Валандово, Дојран и Богданци. Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период. Југоисточен плански регион *фото Архива Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation РАБОТИЛНИЦА ЗА ПОДИГНУВАЊЕ НА СВЕСТА ЗА КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ НА РЕКА СУШИЦА ВО РАДОВИШ НОВИ МЕРКИ ПРОТИВ И ВОВЕДУВАЊЕ РЕСТРИКЦИИ ВО ОДНОС НА ЗАШТИТА ПРОТИВ ШИРЕЊЕТО НА КОРОНАВИРУСОТ