Деветтоодделенци од ООУ „Никола Карев“ учествуваа во Акција за садење дрвја во атарот на село Будинарци, Берово, организирана од Здружението за заштита и обнова на животната средина Treebanks. Дрвјата беа засадени на дел од површината која минатата година беше зафатена од големи пожари. Учениците со нивната посветеност и трудољубивост покажаа како со мали, но значајни чекори, се негува љубовта кон природата, заштитата и обновата на животната средина од мала возраст и продолжува за цел живот. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ДРУШТВОТО НА УМЕТНИЦИ „РАДА“ СО БЕСПЛАТЕН ЕДУКАТИВЕН КУРС ЗА МЛАДИ СЛИКАРИ РЕГИОНАЛНА СРЕДБА НА ОПШТИНИТЕ ОД ЈУГОИСТОЧНИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН