На 21.07.2026 во 15:25 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода С.З.(29) од Радовиш.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле мотоцикл со радовишки регистарски ознаки, кој го управувала С.З. и по преземени мерки било констатирано дека го управува без да поседува соодветна категорија.

За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.


© RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал.

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

error: Содржината е заштитена !!