Во пресрет на големиот празник на големите македонски и сесловенски просветители Светите браќа Кирил и Методиј кои се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развој на сите словенски народи денеска учениците од истоименото училиште ООУ “Кирил и Методиј“ од Ораовица го прославија својот патрнонен празник. Активностите по повод патрониот празник и оваа година не изостанаа, дел од учениците имаа свој настап со неколку музички нумери и претстава пред присутните на оваа скромна свеченост, а исто така беа доделени наградите од објавените конкурси и спортски активности. Од име на општина Радовиш празникот им го честиташе Секретарот Љупче Почивалец. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation НОВА ПОВРШИНА СО БЕКАТОН ПРЕД ООУ „НИКОЛА КАРЕВ“ САЕМОТ НА КНИГИ СО РАБОТИЛНИЦА НА ИК ,,СКАЗНУВАЛКА” СО УЧЕНИЦИ