Подареш е село во Општина Радовиш во околината на градот Радовиш. Овде работи ООУ „Коста Рацин“ – Основно училиште со подрачни училишта во Јаргулица и Покрајчево. Во село Подареш исто така активно работи и функционира Фудбалскиот клуб „ФК Готен„ кој се натпреварува во „Општинската фудбалска лига “, и Фолклорниот ансамбл „ФА Подарешани“. Според статистиката на Васил К’нчов (Македонија, Етнографија и статистика) од 1900 година, селото Подереш има 700 жители, од кои 400 христијани (Македонци) и 300 Турци. Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.527 жители и претставува голема населба со стабилна демографска положба. До средината на 50-тите години, околу 20 % од населението биле Турци, кои започнале да се иселуваат во Турција. На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години: Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно 1948 — — — — — — — — 1.051 1953 902 — 239 — 32 3 — 2 1.178 1961 1.179 — 67 — — 7 — 10 1.263 1971 1.344 — 12 — — 1 — 2 1.359 1981 1.463 — 13 — — 2 — 2 1.480 1991 1.438 — 17 — — 1 — 1 1.457 1994 1.401 — 11 — — — — 1 1.413 2002 1.515 — 11 — — 1 — — 1.527 Грб на поранешна Општина Подареш Личности од Подареш Васил Спасов, македоно-одрински ополченец, 3 рота на 3 солунска дружина, носител на орден „За храброст“ IV степен Васил Стојанов Христов (1892 – ?), македоно-одрински ополченец, 3 рота на 3 солунска дружина, носител на орден „За храброст“ IV степен Иван Месаров (1858 – 1913), македонски револуционер, војвода на ВМОРО Мане Наков (1892 – ?), македоно-одрински ополченец, 3 рота на 3 солунска дружина, носител на орден „За храброст“ IV степен Ставруш Месаров, македонски револуционер, војвода на ВМРО; Стојан Стојков (р. 1941) – македонски композитор и професор; Јордан Митев (р. 13 август 1986) – македонски пејач; Post navigation Радовишки марифети: БОДЕН ДЕДО Радовишки марифети: САРМА ОД ШТАФЕЛ