Први септември симболика на нов почеток, на нова шанса, на нова надеж. Почеток на ново поглавје од својата ученичка приказна, полна со труд, соништа, пријателства и успеси.

Наши идни средношколци, од денес станувате дел од нашето училишно семејство, чувствувате возбуденост, можеби и мала доза на несигурност, но бидете сигурни дека овде ќе го пронајдете вашиот втор дом.

Очекувајте нови другарства, нови искуства и нови хоризонти што ќе ви ја отворат патеката кон зрелоста.

Посакувам да се продолжи со истата енергија и упорност со која досега чекореа учениците во нашето училиште.

Средното образование е повеќе од оцени – тоа е градење на карактер, истрајност и личен развој.

Искористете го времето мудро, оставете трага и бидете пример за другите.

 

Училиштето е место каде што се учиме на живот. Место каде што откриваме како да бидеме чесни, одговорни, истрајни.

Знаењето кое ќе го стекнете овде е ваше и никој никогаш нема да може да и го одземе, а вредностите кои ќе ги понесете се вашиот компас во животот.

 

Среќен почеток на новата учебна година.

СОУ Коста Сусинов – Радовиш

 

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

error: Содржината е заштитена !!