Благој Илиев поранешниот градоначалник на Општина Конче повторно е номиниран за кандидат за оваа општина и ќе му биде против кандидат на актуелниот Златко Ристов од ВМРО-ДПМНЕ. Овие двајца кандидати се соочија и на претходните локални избори каде што најмногу гласови и победи Златко Ристов. Останува да видиме дали се имат променето мислењата за овие кандидати на 19 октомври кога ќе бидат одржани Локалните избори 2025. СДСМ Конче: Со голема гордост ја објавуваме кандидатурата на Благој Илиев за градоначалник на Општина Конче! Благој е човек кој во себе носи чесност, трудољубивост и визија за развој на нашата општина. Тој е подготвен да работи за секој граѓанин, за секое населено место, за подобра иднина на сите нас. СДСМ секогаш стои на страната на луѓето, а со поддршка на Благој Илиев веруваме дека Конче ќе добие вистински лидер кој ќе внесе енергија, одговорност и нови идеи за развој – се вели во инфромацијата од ОО СДСМ Конче Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Заврши традиционалниот турнир во мал фудбал во Подареш СОУ Коста Сусинов: Искористете го времето мудро, оставете трага и бидете пример за другите!