„Трошки надеж“ е театарска претстава во изведба на ученици од струмичката гимназија „Јане Сандански“. Сценариото го напиша ученичка од четврта година Викторија Панова, а во тоа и помогнаа и соученичките Моника Котева и Надица Трајкова под менторство и режија на професорката по Драмска уметност, Ѓургица Костадиновска. Претставата премиерно беше изведена на 28-ми април на големата сцена во Центарот за култура „Антон Панов“ – Струмица. А публиката во Радовиш ќе може да ја погледне на 01.06.2018 (Петок) со почеток од 19.00 часот. Актери: Викторија Панова Моника Котева Иван Иванов Надица Трајкова Камелија Каламерникова Дијана Митрова Ѓорѓи Арабаџиев Тоше Делев Виолета Соларова Наталија Ристова Магдалена Данилова https://www.youtube.com/watch?v=Knqk_61tHwc Post navigation ЛОКАЛНИОТ И ПРИСТАПЕН ПАТ КОН РУДНИКОТ „БОРОВ ДОЛ“ ЌЕ ЗАПОЧНЕ СО ИЗГРАДБА КОРИСНИЦИТЕ ОД ДНЕВНИОТ ЦЕНТАР „ПОРАКА“ ВО ПОСЕТА НА БЕРОВО