Денес во Собрание на Република Македонија гости беа осмоодделенците од ООУ „Крсте Петков Мисирков“ – Радовиш. Тие, заедно со пратеничката од Радовиш Моника Трајанова, реализираа обиколка на парламентот и се запознаа со работата на законодавниот дом. Преку оваа едукативна посета, учениците имаа можност одблиску да се запознаат со функционирањето на институциите и значењето на демократијата во Македонија. Собранието на Македонија го сочинуваат 120 пратеници, кои се избираат на општи и непосредни избори со мандат од четири години. Пратениците ја вршат законодавната власт во рамките на Собрание на Република Северна Македонија, каде што: донесуваат закони го контролираат работењето на Владата усвојуваат буџет расправаат и одлучуваат за прашања од јавен интерес Ова тело претставува темел на парламентарната демократија во државата. © RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Учениците од СОУ „Коста Сусинов“ со награда од 21-то Образовно рандеву на МАССУМ