Учениците од СОУ „Коста Сусинов“ – Радовиш учествуваа на 21-то Образовно рандеву на МАССУМ, кое се одржа во СОУ „Богданци“ – Богданци. Тие се натпреваруваа во повеќе категории: Најдобра поетска творба Најдобро кариерно портфолио Најдобра екипа во баскет Најдобра фотографија Најдобро соло пеење Најдобар штанд (електро-техничка, градежна и металуршка струка) Со особена гордост се истакнува освоеното ТРЕТО место за најдобар штанд, што претставува значаен успех и признание за трудот, креативноста и знаењето на учениците. Овој настап е уште една потврда за квалитетот и посветеноста на учениците и наставниот кадар, како и за нивната успешна презентација на училиштето и градот. © RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Промовирана книгата „Радовиш и Радовишко од памтивек до денес“ Учениците од ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во посета на Собранието на Република Македонија