Градоначалникот на општина Радовиш Aцо Ристов, денес одржа прием на лицата кои за празникот Богојавление – Водици ги фатија светите крстови во населените места во општина Радовиш. Посакувајќи им многу здравје, среќа, бериќет и успеси на секое поле, Градоначалникот на лицата им подари паметни часовници. Наградени беа следните момчиња: Филип Глигоров (Раклиш) Васе Василев (Ораовица) Мартин Донев (Подареш) Роберт Златков (Јаргулица) Оливер Атанасов (Покрајчево) Христијан Ефтимов (Злеово) Стефан Велков (Калугерица) Горан Јованов (Смиланци) Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Распишан оглас за предлагање на кандидати за избор на спортист, спортска екипа и тренер за 2024 год. „Диџеј Ахмет“ синоќа премиерно прикажан на „Санденс“, филмот е снимен во Коџалија и Али Коч!