ДИСЕМИНАЦИСКА СЕСИЈА ЗА УЧЕНИЦИТЕ ВО ООУ „КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ”

Црвен крст -Општинска организација Радовиш на ден 29.01.2020 год одржа дисеминациска сесија за учениците од шесто одделение во ООУ „Крсте Петков Мисирков” Радовиш.

На сесијата присутните слушатели се запознаа со движењето на Црвен крст, настанокот, амблемот, женевските конвенции и дополнителни протоколи како и основните принципи врз кои се темели работата на Црвениот крст.

Сесијата беше спроведена од страна на обучен дисеминатор проф.Новка Велева,истата имаше за цел запознавање на слушателите со организацијата на Црвениот Крст

 


 

Погледнете повеќе

Повеќе информации