ДИПЛОМИ И ПРИЗНАНИЈА НА УЧЕНИЦИТЕ ОД СОУ „КОСТА СУСИНОВ“ ЗА НИВНИТЕ ДОСТИГНУВАЊА

Доделени дипломи и признанија на учениците од СОУ „Коста Сусинов“ – Радовиш за нивните достигнувања во претходната учебна година

На 30.09.2021, четврток, со почеток во 18 часот, се одржа Свечена трибина во свечената сала на СОУ “Коста Сусинов” во Радовиш по повод доделување на дипломи и признанија на учениците за нивните достигнувања во претходната учебна година, како и на нивните ментори кои трудољубиво и неуморно работеа со нив преку целата учебна 2020/21 година, и покрај тоа што наставата се одвиваше од далечина во пандемиски услови.

“За вас средното образование трае само 4 – ри години , но резултатите и постигањата се оние нешта кои траат вечно, кои го покажуваат патот и не охрабруваат.

Малку е ако кажам дека сум искрено среќен на вашите постигања, бидејќи тоа не се успеси кои се случуваат без труд, туку напротив зад секој успех предходи сериозна подготовка и темелна работа. Треба да разбереме дека само низ напредокот и личниот развој можеме да го подобриме светот, а токму вие со вашата младост и со вашите знаења го можете тоа.

Имам потреба најсрдечно да им честитам на менторите кои цело време ги водеа учениците, кои беа со нив во секој дел од денот и со нивната посветеност и труд ги остварија резултатите на кои секој од нас се радува.

Успехот на секој од вас го покажува вистинското лице на нашето училиште „Коста Сусинов“ кое покажува и умее да го следи трендот на современо образование во насока на напредок и развој. Нека овие дипломи и признанија бидат почеток и скоромен допринос за следните ваши успеси.” – директорот Гоце Лазаров им се обрати на присутните ученици и ментори.

Се доделија дипломи, признанија и пофалници на:

– сите ученици кои учествуваа на натпревари по било кој наставен предмет во учебната 2020/21 година и беа наградени и пофалени,

– сите ученици кои беа номинирани за ученици на годината I,II и III, како и тие што беа избрани за Најдобар ученик на годината за учебната 2020/21 година,

– сите ученици кои учествуваа и беа наградени на Образовното рандеву на МАССУМ во учебната 2020/21 година, Trash Fashion, Willkommen, Караманови поетски средби и литературни конкурси.

 

СОУ „Коста Сусинов“

 


 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


Related Articles

Временска прогноза