НЕКОЛКУ СЛУЧАИ НА НАПАДНАТИ МАЛОЛЕТНИЦИ ВО СКОПЈЕ, СТРУМИЧКО, ВЕЛЕШКО И ВО РАДОВИШ

Првиот инцидент се случил во петокот вечер, во 19.20 часот во СВР Скопје малолетник од Скопје пријавил дека околу 18.30 часот на подрачјето на Гази Баба, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од М.Б. и С.Б.

Во саботата наутро велешанката Д.Д. (34) пријавила дека околу 22.00 часот во петокот на игралиште кај место викано „Тунел” во Велес нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од Ј.Д. и В.М.

Во саботата во 20,35 часот во СВР Струмица И.А.(40) од с.Василево, струмичко пријавил дека околу 16.30 часот во с.Градошорци, струмичко, неговиот 17-годишен син и уште едно лице биле физички нападнати од М.Н., С.Н. и А.А.

Ноќеска во 00.40 часот во СВР Струмица Ѓ.Е.(54) од Радовиш пријавил дека околу 23.30 часот, на паркинг во близина на угостителски објект во Радовиш, неговиот малолетен син бил физички нападнат од М.С. од Радовиш.

Полицијата презема мерки за расчистување на споменатите случаи.

 

 

*Фото Архива


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


Related Articles

Временска прогноза