ОБЛАЧНО, ПОПЛАДНЕ СО ДОЖД, НА ПЛАНИНИТЕ СНЕГ

Времето ќе биде претежно облачно, попладне почнувајќи од западните делови со врнежи од дожд, а на планините од снег. Кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежите ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, каде ќе се формира нова снежна покривка.

Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, особено во западните делови, кој кон крајот на денот ќе се промени во северозападен и ќе засилува вдолж Повардарието, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени.

Утре ќе дува силен северен ветер, температурата ќе се намали, а претежно во планинските подрачја ќе провејува слаб снег. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со пораст на дневната температура, информираат од УХМР. 

 

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


Related Articles

Временска прогноза