НАГРАДЕНИ НАЈУСПЕШНИТЕ ОД “РАДОВИШКИОТ ДЕТСКИ КАРНЕВАЛ“

Прогласени најдобрите маски од овогодишниот „Радовишки детски карневал“, како и беа доделени Благодарници на сите оние кои ја помогнаа неговата реализација.
 
По упатената јавна благодарност од страна на Градоначалникот Ацо Ристов до сите учесници и вклучени во организацијата, благодарници беа доделени на: волонтерите од СОУ „Коста Сусинов“ и од Црвен крст ОО Радовиш, Општинските основни училишта, Детската градинка и СОУ „Коста Сусинов“.
 
Потоа се премина на доделување на Дипломи и ваучери на најдобрите маски во посебните категории и тоа : категорија А – од 1 до 5 учесници, категорија Б – од 5 до 10 учесници, категорија В – од 10 до 30 учесници, категорија Г – од 30 до 50 учесници, и категорија Д – над 50 учесници, каде најуспешна беше маската „Штрумпфови“ од ООУ „Крсте Петков Мисирков“.
Гран при за најубава маска на карневалот беше доделена на маската „Не лути се човече“.

Фото галерија – Општина Радовиш – ЛИНК

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

Related Articles

Временска прогноза