СПОРТСКАТА ИНФРАСТРУКТУРА НИЗ ОПШТИНА РАДОВИШ ЌЕ БИДЕ ОБНОВЕНА

Општина Радовиш објави дека започнува со обнова на градскиот стадион во Радовиш и поставување на ново фудбалско игралиште со вештачка трева.

Со директна финансиска помош на компаниите, а во соработка и со Рудникот „Бучим“, во наредните месеци интензивно ќе се работи на оваа игралиште, притоа не попречувајќи го нормалното одвивање на самите тренинзи и натпреварувања.

Паралелно работиме и на подобрување на условите на двојните тениски терени.

Обновата на спортската инфраструктура е важен приоритет, пред се за младите генерации и за раѓање на нови спортски таленти кои ќе ја претставуваат нашата општина на национален и меѓународен план.

Во наредниот период очекуваме поддршка и од Фудбалската федерација на Македонија и од Агенцијата за млади и спорт за подобрување на спортската инфраструктура со цел да ја докажеме важноста на спортувањето и квалитетен живот на младите.

 

Информираат од Општина Радовиш

 

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

Related Articles

Временска прогноза