ИЗБОРИТЕ СЕ ЕДИНСТВЕНАТА ШАНСА ЗА ПРОМЕНА, ИЗЈАВИ МИЦКОВСКИ НА ДЕНЕШНАТА СРЕДБА СО БАЈЕР

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, денеска се сретна со германскиот пратеник Питер Бајер. На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба, но и за моменталните претседателски и претстојните парламентарни избори.

Во соопштението за медиуми, партијата информираше дека Мицковски го информирал Бајер, за претседателската кампањата, но и дека за два дена ќе почне кампањата за парламентарните избори.

Потенцирал дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска Давкова е најсериозен избор за шеф на државата. Во разговорот посочил дека кандидатката, се соочува со низа навреди на нејзина сметка, од страна на членови на партијата на СДСМ.

Тој искажал и загриженост за ситуацијата во која се наоѓа Македонија, додавајќи дека најнов шамар за Владата на СДСМ и ДУИ е токму извештајот на Фридом Хаус, во кој е потенцирано дека Македонија не бележи никаков напредок во борба со корупцијата, како и дека институциите не се во служба на граѓаните.

Состојба во која се наоѓа државата, ќе се смени, кога граѓаните на 24 април и 8 мај ќе излезат на гласање, нагласил тој. Мицкоски се заблагодарил на досегашната соработка и поддршка, а изразил и надеж дека истата ќе продолжи во иднина.

 

 

 

 


 


 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

Related Articles

Временска прогноза