На 06.02.2026 во 11:40 часот во село Ињево, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Радовиш го лишија од слобода А.С.(38) од истото село. Тој околу 09:50 часот на раскрсницата од регионален пат Р2433 и улица во село Ињево, управувајќи патничко возило „рено“ со радовишки регистарски ознаки, предизвикал сообраќајна несреќа и го напуштил местото на настанот. По преземени мерки од полициските службеници, А.С. е пронајден и од извршеното алкотестирање му е утврдено присуство на алкохол во крвта од 2,64 промили. Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш, известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На 07.02.2026 во 00:58 часот на ул. „7 Ноември“ во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишија од слобода Т.Ј.(52) од Гевгелија. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксфаген“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал Т.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,97 промили алкохол во крвта. Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш, запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по целосно документирање на случајот следува соодветна пријава. На 04.02.2026 во 15:30 часот во радовишко село, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 39-годишен жител на тоа село, постапувајќи по претходна пријава дека истиот ден во нивниот дом физички ја нападнал неговата сопруга. Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш, а за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш. По документирање на случајот следува соодветна пријава. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Постигнат договор за покачување на платите на административците Градоначалникот Почивалец оствари средба со претседателството на здружението на пензионерите