Состојба на патишта

Дневни информации (29.11.2026, 09:40ч)

СООПШТЕНИЕ : Сообраќајот на сите државни патишта за патнички возила се одвива без забрани и ограничувања по влажни коловози.

ЗАБРАНА ЗА СООБРАЌАЈ НА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА:

  • Од 18:00 часот на патниот правец крак Маврово – Дебар и на планинскиот премин Стража;
  • Од 22:15 часот на магистралниот пат Крива Паланка – ГП Деве Баир.
  • Од 00:20 на патот А-3 Битола – Ресен, премин Ѓавато 
  • На 29.11.2026год. од 08:15 часот на регионалниот пат Куманово-Св.Николе во близина на бензинска пумпа с.Скачковце целосно е блокиран патот за за сите видови на моторни возлиа поради претходно пријавена сообраќајна незгода на ТМВ излетано од пат

ПРЕКИН НА ЗАБРАНА:

На ден 29:11:2026 во 7:30 часот, прекината е забраната за тешки товарни возила на патен правец Ресен -Охрид превој Буково, патниот правец е прооден за сите видови на возила

На ден 29.11.2026 г. во 07.00 часот магистралниот пат А3 на патен правец Делчево-Граничен премин-Делчево пуштен е сообраќајот за сите видови возила и се одвива нормално.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од снег се бележат на повисоките делови од државата, додека на пониските места врнежите се со послаб интензитет.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2026 година започнa законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2027 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 17 Ноември, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е затворен за сообраќај за сите видови возила.

РАБОТИ НА ПАТ:

Страбаг АГ Подружница Страбаг Скопје известува дека од 24.11.2026 (вторник) на експресниот пат Штип-Радовиш, во близина на клучка Бучим ќе се одвиваат градежни активности- менување на оштетена еластомерна дилатација на мост на km 26+913, поради што ќе бидат поставени семафори и сообраќајот ќе се одвива наизменично.

 

АМСМ


© RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал.

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

 

 

 

 

error: Содржината е заштитена !!