Времето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од снег, а во пониските места особено долж Повардарието од дожд и снег. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен ветер од северен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Во Скопје, облачно со повремени врнежи од снег. Попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. УТРЕ Променливо облачно и студено, во текот на денот со сончеви периоди. Во раните утринските часови во југоисточните делови наместа ќе провејува снег. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во Скопје, променливо облачно и студено со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Во текот на новата седмица времето ќе биде стабилно и многу студено. Утринските температури насекаде ќе бидат негативни, а наместа и дневните ќе се задржат под нулата. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб, повремено умерен ветер од северен правец. УХМР © RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation СИТЕ ПАТИШТА СЕ ПРООДНИ, ЕКИПИТЕ НА „МАКЕДОНИЈА ПАТ“ ГО ЧИСТАТ СНЕГОТ ЗАВРШИ ИЗГРАДБАТА НА ПАЗАРОТ. РАДОВИШАНИ ДОБИВААТ СОВРЕМЕН ЗЕЛЕН ПАЗАР…