Заврши изградбата на градскиот пазар во Радовиш, каде што земјоделците ќе можат да го продаваат своето производство. Објектот, вреден два милиони денари, има и паркинг-простор, но и деловни простории. Локалните власти очекуваат раздвижување на локалниот економски развој. Радовишани до крајот на годината ќе добијат современ зелен пазар од околу 1.600 квадратни метри, каде што земјоделците ќе можат да ги продаваат своите производи. Во објектот, кој е во завршна фаза, поставени се вкупно 170 тезги. Градскиот пазар во Радовиш има и околу 25 деловни простории, кои ќе одат на лицитација, а на кровот има 103 паркинг-места. Првиот човек на Радовиш очекува поттикнување на локалниот економски развој, односно земјоделството. Градскиот пазар во Радовиш чини околу два милиони евра, од кои милион евра се кредит. Ване Трајков, Дрнка.МК портал © RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ПОВРЕМЕНИ ЛОКАЛНИ ВРНЕЖИ ОД СНЕГ, А ВО ПОНИСКИТЕ МЕСТА ОСОБЕНО ДОЛЖ ПАТНИТЕ ПРАВЦИ ДЕНОТ КОГА Е РОДЕНА ЈУГОСЛАВИЈА!