На 25.03.2026 во 11:30 часот во Полициската станица Радовиш, од Итна медицинска помош Радовиш било пријавено дека кај нив за укажување на лекарска помош било донесено 15 месечно бебе со повреда на главата. Според пријавеното, две малолетни лица го носеле бебето во раце и во еден момент забележале крв во пределот на главата. Во присуство на социјален работник и родители, извршени се разговори со малолетните лица, а бебето е пренесено во Медицински центар Штип, каде му е констатирана телесна повреда, набиеница и рана на главата. На 25.03.2026 во 17:30 часот во Полициската станица Радовиш, од Итна медицинска помош Радовиш било пријавено дека кај нив за укажување на лекарска помош бил донесен М.К.(43) од Радовиш. Според пријавеното, тој се здобил со повреди на раката со рачен алат при изведување на градежни работи во неговиот дом. © RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Турска делегација од општина Akhisar, ја посетија посета на Општина Радовиш Почнува летното сметање на времето