Александар Јерамазов (26), од Општина Радовиш, ја освои 4-тата позиција во категоријата Men’s Physique на Romania Muscle Fest PRO/AM, еден од најпрестижните бодибилдинг настани, кој се одржа на 8-9 ноември 2025 година во Букуреш, Романија. Во конкуренција од повеќе од 200 натпреварувачи од 43 држави, Александар успеа да го освои златниот медал, покажувајќи извонредна дисциплина и посветеност. „Подготовките беа напорни, но најголемиот предизвик не беше физички, туку ментален – да останам дисциплиниран кога телото и умот велат ‘стоп’“, изјави Александар. Тој тренирал интензивно 18 недели со ригорозни рестрикции во исхраната и тежински и кардио тренинзи, поддржан од TeamProCoach (Англија), HardCoreShop Bitola и Pulsefitness Strumica. Највпечатлив момент за него беше можноста да се запознае со светски познати спортски ѕвезди и влијателни личности во индустријата. „Овој медал ми е голема мотивација дека со труд може да се достигне врвот. Младите спортисти нека не се плашат да бидат поразлични – токму тоа ве прави незаменливи“, додаде Александар. Следниот негов предизвик е MuscleContest Austria на 13 декември 2025 година, каде ќе се стреми кон уште повисоки резултати. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Повреден пешак на булеварот во Радовиш, ударот од возилото и нанело тешки телесни повреди. Објавена програмата за “Самун ем Татлија„