Воиславци добива регулација на речното корито – повеќедецениски проблем со кој се соочуваа жителите на ова населено место.

Со зафаќањето и уредувањето на суводолицата (поројот), кој при интензивни врнежи од дожд претставуваше сериозен ризик, се решава еден од најдолготрајните инфраструктурни предизвици во селото.
Градежните активности се во завршна фаза и опфаќаат делница во должина од 156 метри. Во наредната фаза е предвидено започнување со изградба на улица по трасата на поројот, во должина од 640 метри.
Со оваа инвестиција значително се подобрува безбедноста, се намалува ризикот од поплави и се создаваат услови за поквалитетен живот за жителите на Воиславци.
© RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал.

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

 

 

error: Содржината е заштитена !!