ЕЛС општина Радовиш, согласно Законот за безбедноста на сообраќајот на патиштата и Законот за Локална самоуправа а во врска одржување на манифестациите „Радовишки собор“ и „Самун ем Татлија“ донесе ОДОБРЕНИЕ за времена измена на режимот на сообраќајот. Времената забрана за сообраќај и времениот режим на сообраќај ќе започне од 29.09.2022 год (Четврток) и ќе трае до 03.10.2022 год. (Понеделник). Режимот на сообраќај за време на Манифестацијата „Самун ем Татлија“ во општина Радовиш е согласно доставениот сообраќаен проект и даденото Одобрение од СВР – Струмица а се однесува на улиците „22 Октомври“, „1 Мај“, „Коста Сусинов“ и ул.„Партизанска“. Ве молиме за разбирање и се надеваме дека сите заедно ќе придонесеме за уште еднаш да ја прикажеме општина Радовиш како добар домаќин. Со почит. А П Е Л Се замолуваат сите сограѓани во деновите 30 септември, 01 и 02 октомври кога се одржува манифестацијата „Самун ем Татлија“ движењето со моторни возила да го сведат на минимум и кон манифестацијата да пристапуваат без возила со цел да се растерети сообраќајот, да се обезбеди непречено одвивање на сообраќајот и да се ослободи место за паркирање за возилата што ќе пристигнат од другите градови. „Самун ем Татлија“ е заедничка манифестација на сите радовишани. Убедени сме дека и овој пат сите заедно ќе придонесеме за потврда на гостољубивоста и срдечноста по која сме познати. Благодариме на разбирањето. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ОПШТИНА РАДОВИШ СО ОДОБРЕНО РЕШЕНИЕ ЗА ПРОДОЛЖЕНО РАБОТНО ВРЕМЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ ЛИКОВНА РАБОТИЛНИЦА „ФОЛКЛОРОТ НАША ВЕКОВНА ИНСПИРАЦИЈА“