Со пригодна и скромна церемонија во присуство на вработеите и поканетите гости денеска во ЈЗУ „Здравствен дом“ во Радовиш беше одбележан Светскиот ден на Здравјето.

Светски ден на здравјето — ден посветен на подигање на свеста за здравјето на луѓето ширум светот кој се одбележува на 7 април секоја година, под покровителство на Светската здравствена организација (СЗО).

Во 1948 г. СЗО го одржала своето Здравствено собрание, на кое е решено 7 април секоја година да се одбележува како ден на здравјето, почнувајќи од 1950 г. Овој ден е датумот кога е основана СЗО и таа пригода се смета за прилика да се привлече меѓународно внимание на здравствените проблеми со кои се соочува светот. Светската здравствена организација приредува меѓународни, регионални и месни натани со извесна тематика која е важна за таа година.

По повод овој ден на здравството од страна на Директорот Стојанче Петров беа доделени ваучери на пензионираните вработени од последната година, и јубилејни награди за 10 и 40 годишно работно искуство во оваа институција. Здравствениот дом исто така додели посебни благодарници за поддршка и придонес на Општина Радовиш и Конче, компании од приватиот сектор, како и благодарница на приватната очна болница „Деница“ за донацијата која и ја додели на нашата здравствена установа во Радовиш.

 

 

Погледнете повеќе

Повеќе информации