На 31.01.2026 во 14:30 часот во Полициската станица Радовиш е пријавено дека на регионалниот пат Р 2431 од планината Плачковица кон Радовиш, запрежно возило натоварено со бесправно исечени огревни дрва, излетало надвор од патот.
При тоа, со тешки телесни повреди се здобил Џ.Б.(23) од Радовиш, а повредите биле констатирани во Медицински центар Штип. Увид на местото е извршен од екипа на ОВР Радовиш. А.Б. (45) и К.Б., кои исто така се превезувале на запрежното возило, со возилото го напуштиле местото на настанот, но по преземени мерки од страна на полициски службеници, возилото и дрвата се пронајдени и предадени на Шумска полиција Радовиш.

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови




