Вчера во Скопје се одржа иницијална координативна средба во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“, организирана со поддршка на УНДП, Швајцарската Влада и Министерството за локална самоуправа. Во проектот се избрани општините: Радовиш, Новаци, Шуто Оризари, Македонска Каменица, Кичево, Демир Капија, Врапчиште, Росоман, Кратово и Град Скопје. На средбата беа презентирани проектните активности, насоките за соработка и следните чекори за унапредување на работата на општинските совети и локалната самоуправа. © RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation По повод празникот „Спасовден“ осветен светиот крст во манастирот во Погулево Радовиш ќе биде домаќин на 50. издание на меѓународниот боречки турнир „Македонски бисер“