МАЈЧИНА ДУШИЧКА -мелем за душата…

Мајчината душица (Thymus serpyllum) е многугодишно, тревесто растение, чии цветови се со различна боја, од бели, светлорозови до потемно розово-црвени. Расте на суви и сончеви места, од ниски до планински области, на суви делови од шумите, и цвета цело лето. Освен како мајчина душица кај народот е позната како душица, див босилек, темјаника итн.

Нејзините антисептички и конзервирачки својства биле познати уште во Стар Египет, кога се користела како една од состојките за балсамирање на телата. За Грците, да мирисате на мајчина душица било елегантен начин на почитување, додека пак, римските војници се капеле во вода со мајчина душица за да добијат сила.

 


УПОТРЕБА:

Мајчината душица може да се користи во форма на чај, сок и масло.
Маслото од мајчина душица е корисно кај мултиплаксклероза, реума, набиеници и опекотини на телото парализа и мозочен удар.
Чај или сируп се користат против бронхитис. Пневмонија, ларингит, кашлица, против цревни заболувања, дијареја, за подобрување на апетитот, за жолчка и црн дроб.
Мајчината душица има антибактериско дејство и се препорачува да се пие во зимскиот период, против инфекции на дишните патишта.
Мајчината душица се препорачува како лек против парализа, нервни болести, епилепсија, алкохолизам, слабокрвност, бледило, зајакнување на нервите, грчави во стомакот, матката, ревматизам и менструални тегоби.
Мајчината душица може да се користи како добар зачин.


Лековитите состојки на мајчината душица се наоѓаат во нејзините листови и цветови, па затоа треба внимателно да се берат.

Постојат доста научни примери кои ги потврдиле лековитите дејства на ова растение. Истражувањата покажале дека флавоноидите, метилкавикол и тимол имаат позитивно дејство на опуштањето на мускулите. Поради тоа, оваа билка често се користи како средство за ублажување на гастроинтестинални проблеми како што се: повраќање, надуеност, грчеви во желудникот, забавено варење на храната и друго. Кај желудечни и менструални грчеви може да се користи како внатрешно (во вид на чај) така и надворешно (како облоги). За надворешна примена во случај на грчеви, се користат облоги од цветовите и стеблото, кои пред спиење се загреваат и се аплицираат на болното местото. Се користи и за ублажување на бронхијалната астма, собирање на голема количина на слуз во бронхиолите и други заболуваања на дишните патишта. Маслото од мајчина душица може да се употреби и во случај на мозочен удар, мултиплекс склероза, атрофија на мускулите, ревматизам и друго.

Мајчината душица е јак антисептик и антимикотик, и затоа се користи за третман на сите видови инфекции (вирусни, бактериски, габични). Може да се користи и кај проблеми со желудникот во комбинација со камилицата.

Контраиндицирана е кај пациенти кои имаат компликации со жолчката, акутен чир на желудникот, лица кои имаат слаб желудник и проблеми со црниот дроб.


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 

 

 

Погледнете повеќе

Повеќе информации