Согласно со Законот за празниците на Република Македонија во 2018 година следниот неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Македонија е 6-ти април (Велики петок). После викендот исто така неработен ден ќе биде и вториот ден од Велигден, 9-ти април, што значи дека следуваат 4 споени неработни денови. Погледнете ! Ова се сите неработни денови кои преостануваат до крајот на годината: Согласно со Законот за празниците на Република Македонија во 2018 година неработни денови се: За сите граѓани на РМ • 09 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар • 01 мај (вторник), Ден на трудот, • 24 мај (четврток) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители • 15 јуни (петок), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, • 02 август (четврток), Ден на Републиката • 8 септември (сабота), Ден на независноста • 11 октомври (четврток), Ден на народното востание, • 23 октомври (вторник), Ден на Македонската Револуционерна Борба, • 8 декември (сабота), “Св. Климент Охридски” За граѓаните од православна вероисповед • 06 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден • 25 мај (петок), Духовден, петок пред Духовден • 28 август (вторник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) За граѓаните од католичка вероисповед • 02 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден • 01 ноември (четврток), Празникот на сите светци • 25 декември (вторник), првиот ден на Божик За граѓаните од муслиманска вероисповед • 21 август (вторник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ • 22 ноември (четврток), Ден на Албанската азбука За граѓаните припадници на српската заедница во РМ • 27 јануари (сабота), Свети Сава За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ • 08 април (недела), Меѓународен ден на Ромите За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ • 23 мај (среда), Национален ден на Власите За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ • 19 септември (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ • 28 септември (петок), Меѓународен ден на Бошњаците За граѓаните припадници на турската заедница во РМ • 21 декември (петок), Ден на настава на турски јазик Post navigation Радовишки марифети: НИШПЕДЕ ФК БОРЕЦ СО ПОБЕДА ПРОТИВ НАШАТА ФК ПЛАЧКОВИЦА