Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски има поголем рејтинг од сите политичари заедно. Според анкетата на МКД-МК, убедливо водство и на ВМРО-ДПМНЕ. Повеќе од една третина од граѓаните сметаат дека работите во Македонија одат во правилна насока. Од СДСМ со реакција-власта спроведува политички спин и пропаганда.

Христијан Мицкоски има најголема доверба кај граѓаните. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер е со рејтинг од речиси 27 проценти. Претседателот на најголемата опозициска партија, Венко Филипче има доверба од 4,7 насто од испитаниците. Од албанскиот политички блок со највисок процент на доверба и натаму е лидерот на ДУИ, Али Ахмети, со 6 проценти. Ова го покажува анкетата на МКД-МК, спроведена заедно со агенцијата „Маркет Вижн“.

Претседателите на партиите од коалицијата „Вреди“, Меџити и Касами имаат по речиси 2 насто, а Гаши еден процент.

Претседателите на ЗНАМ и на Левица, Димитриевски и Апасиев се изедначени со по 3 проценти. ВМРО-ДПМНЕ со убедлива предност пред политичките противници.

Дури 23,8 насто од испитаниците се изјасниле дека на следните избори ќе гласаат за владејачката партија.

Опозициската ДУИ е во мала предност пред вкупниот резултат на владината коалиција „Вреди“. Споредбено со минатите истражувања пред локалните избори, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ЗНАМ имаат раст, а благ пад има Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски има поголем рејтинг од сите политичари заедно. Според анкетата на МКД-МК, убедливо водство и на ВМРО-ДПМНЕ. Повеќе од една третина од граѓаните сметаат дека работите во Македонија одат во правилна насока. Од СДСМ со реакција-власта спроведува политички спин и пропаганда.

Вистинските анкети ќе се видат на локалните избори, кога незадоволството на народот ќе се претвори во јасна порака против оваа неспособна и расипничка власт, стои во реакцијата од Бихаќка.

„Наместо силна реакција за справување со пожарите, наместо вистинска грижа за настраданите од несреќата во Кочани, наместо борба со криминалот во Чаир, ВМРО-ДПМНЕ во својот очај сервира политички спин и пропаганда“, велат од СДСМ.

Анкетата е спроведена од 20 јуни до 4 јули годинава, телефонски со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници.

 

 

error: Содржината е заштитена !!