Министерството за економија и труд ја објави програмата на неработни денови за 2026 година. Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2026 година неработни денови се: За сите граѓани на РСМ: 1 јануари (четврток), Нова Година; 7 јануари (среда), Божиќ, првиот ден на Божиќ според православниот календар; 20 март (петок), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам; 13 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар; 1 мај (петок), Ден на трудот; 24 мај (недела), „Св. Кирил и Методиј“- Ден на сесловенските просветители, односно 25 мај (понеделник) е неработен ден; 2 август (недела), Ден на Републиката, односно 3 август (понеделник) е неработен ден; 8 септември (вторник), Ден на независноста; 11 октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е неработен ден; 23 октомври (петок), Ден на македонската револуционерна борба; 8 декември (вторник), “Св. Климент Охридски”. За граѓаните од православна вероисповед: 6 јануари (вторник), Бадник, ден пред Божиќ; 19 јануари (понеделник), Богојавление (Водици); 10 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден; 29 мај (петок), Духовден, петок пред Духовден; 28 август (петок), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица). За граѓаните од католичка вероисповед: 6 aприл (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден; 1 ноември (недела), Празникот на сите светци; 25 декември (петок), првиот ден на Божиќ. За граѓаните од муслиманска вероисповед: 27 мај (среда), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам. За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ: 22 ноември (недела), Ден на албанската азбука. За граѓаните припадници на српската заедница во РСМ: 27 јануари (вторник), Свети Сава. За граѓаните припадници на ромската заедница во РСМ: 8 април (среда), Меѓународен ден на Ромите. За граѓаните припадници на влашката заедница во РСМ: 23 мај (сабота), Национален ден на Власите. За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ: 21 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур. За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РСМ: 28 септември (понеделник), Меѓународен ден на Бошњаците. За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ: 21 декември (понеделник), Ден на настава на турски јазик. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Бучим ја одбележа Новата година со поддршка за децата и заедницата Македонски обичаи: Бадник или Коледе и лепче со паричка…