Возачите кои од денеска ќе минуваат низ патарините на македонските автопати треба да внимаваат на новиот режим на наплата, бидејќи стапуваат во сила измени во користењето на лентите за електронско плаќање. Според информациите од Јавното претпријатие за државни патишта, лентите означени за системот МTAG отсега ќе бидат наменети исклучиво за возила што плаќаат со електронски тагови. Со тоа се укинува досегашната можност на овие ленти да се користат и МCard картички. Тоа значи дека возачите кои користат МCard ќе треба да ја реализираат наплатата преку останатите ленти на наплатните станици, во согласност со нивната намена и сообраќајното означување. Од ЈПДП апелираат до сите учесници во сообраќајот внимателно да ги следат информативните електронски табли и поставената сигнализација пред патарините, со цел да се избегнат непотребни застои и задржувања. Надлежните очекуваат новиот режим на работа да придонесе за побрз проток на возила и поголема ефикасност на наплатните станици во периодот кога се очекува зголемена фреквенција на сообраќај поради летните одмори. © RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation На езерото Мантово успешно се одржа натпреварот во риболов „И РИБОЛОВОТ Е СПОРТ“ – Мантово 2026