Голема опасност за сообраќајното движење на регионалниот пат Радовиш кон Конче (после Дедино). Свлечиштето кое повеќе пати беше санирано во текот на вчерашниот и денешниот ден се повеќе се проширува и патот е останат минимален за нормално движење на возилата. Жителите од Конче и другите населени места загриижени за овој проблем кој може да допринесе за несакани последици и незгоди. Од Полициската станица во Радовиш не известија дека имат повеќе јавувања и пријави од жители од овие населени места, а истакнаа дека проблемот е пријавен до Македонија пат. Останува да видиме дали во најскоро време ќе се излезе на терен и се санира оваа свлечиште. [metaslider id=1340] Post navigation ТРЕТО МЕСТО ОД ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО ВО „ФУТСАЛ“ ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД ООУ „КРСТЕ П. МИСИРКОВ“ ГАЗЕЛИТЕ СО ДВЕ НАГРАДИ ОД „СТРУМИЧКИОТ КАРНЕВАЛ“