Нa 05.10.2025 во 21:30 часот во село Калуѓерица, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода М.Е.(37) од село Калуѓерица, постапувајќи по претходна пријава дека околу 21:00 часот физички ги нападнал С.Т. и М.Т. од истото село, а со употреба на сила и предмети ја оштетил и нивната куќа. М.Е. е задржан во Полициската станица Радовиш, а за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш. По целосно документирање на случајот против М.Е. ќе биде поднесена соодветна пријава. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Во ОНБ ,,Браќа Миладиновци” одбележана „Неделата на детето Пензионерите на заедничка средба Заменик министерот за социјална политика Ѓоко Велковски и Кандидатот Љупче Почивалец