Вработување на млинар

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Контрола на мелници и процесот на мелење: Надзор на работата на мелниците, следење на процесот на мелење и обезбедување дека опремата функционира согласно пропишаните параметри.
  • Одржување и чистење на работниот простор: Редовно одржување и чистење на млинскиот подрум за да се обезбеди безбедна и продуктивна работна средина.
  • Контрола на циклонски пумпи и хидроциклони: Следење на работата на циклонските пумпи и хидроциклоните, со цел навремено откривање и решавање на проблеми.
  • Контрола на дозирање на руда: Обезбедување точна и континуирана дистрибуција на руда во мелниците за оптимално функционирање на процесот.
  • Контрола на дозирање на челични топчиња: Следење и дозирање на количина на челични топчиња во мелницата.
  • Извршување дополнителни задачи: Спроведување на други активности според налогот на претпоставениот за кои поседува соодветна обука и компетенции.
  • Работа со мелници за минерали: Надгледување и управување со мелниците за мелење на рудата до потребната гранулометриска големина, проверка на оперативните параметри на мелниците, како што се брзината, притисокот и излезниот квалитет на материјалот и осигурување дека материјалот е правилно подготвен за следните процеси во флотацијата.
  • Контрола на процесот на мелење: Мониторинг на протокот на материјалот низ системот, регулирање на дозирањето на рудата и водата според барањата на процесот и одржување на конзистентен и квалитетен излезен производ од мелниците.
  • Одржување на опремата: Редовно проверување на состојбата на мелниците, лагерите, преносните елементи и другата опрема, изведување на рутински задачи за чистење и подмачкување на опремата и пријавување на сите дефекти или неправилности на претпоставениот и асистирање во поправките кога е потребно.
  • Контрола на квалитетот: Земање и анализа на примероци од мелената руда за да се обезбеди постигнување на посакуваните параметри, известување за сите отклонувања од стандардите на мелење.
  • Безбедност и усогласеност: Придржување кон сите протоколи за безбедност и здравје при работа, користење на лична заштитна опрема (ЛЗО) за време на извршување на работните задачи, и осигурување дека работната средина е чиста, безбедна и функционална.
  • Евиденција и известување: Подготовка на извештаи за претпоставените во врска со производните и техничките параметри.
  • Соработка со други тимови: Комуникација со операторите во флотацијата за усогласување на процесите.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • ССС/ рударско-геолошка насока, технички струки;
  • Способност за тимска работа;
  • Познавање на технолошки процеси на преработка на руда.

ШТО НУДИМЕ:

  • Конкурентни услови за работа со месечна плата која одговара на квалификациите и искуството;;
  • Обезбеден оброк и превоз до и од местото на работа;
  • Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа;
  • Почетен договор на определено време, со можност за продолжување.

 

РАБОТНО ВРЕМЕ:

Работа во смени со следниот распоред:

  • 06:00-14:00 часот
  • 14:00-22:00 часот
  • 22:00-06:00 часот

 

Доколку сте заинтересирани за оваа позиција, Ве молиме да го испратите Вашето CV (работна биографија) на македонски јазик на hr@bucim.mk, заедно со копија од дипломата за завршено образование. Во предметот на пораката наведете “Оглас за Млинар”.

Краен рок за поднесување на апликации: 18.03.2026 година.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Нецелосно пополнетите CV и непотполна документација нема да бидат разгледани.

ДПТУ Бучим ДООЕЛ  го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци.


 

Вработување на Правник

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  1. Правна усогласеност и регулатива:
  • Го следи и проучува важечкото законодавство и подзаконските акти релевантни за работењето на Друштвото.
  • Го известува раководството за законски измени, новини и потенцијални правни ризици.
  • Го следи исполнувањето на законските обврски и рокови.
  • Обезбедува поседување и важност на сите потребни дозволи, одобренија и лиценци.
  • Дава правни мислења и насоки за усогласување на работењето со законските прописи.
  1. Изработка на правни акти и договори:
  • Подготвува одлуки на Управител и други органи на управување.
  • Изготвува правилници, интерни акти и акти за внатрешна организација.
  • Подготвува судски поднесоци (тужби, одговори на тужби, жалби и други правни средства).
  • Изработува и ревидира трговски договори и други договорни документи.
  • Подготвува записници, известувања и службена кореспонденција кон надворешни соработници и вработени.
  • Изготвува обрасци и стандарди за правна документација.
  1. Водење регистри и евиденции:
  • Води Книга на одлуки на содружници.
  • Води Книга на одлуки на управител.
  • Води Регистар на трговски договори.
  • Води Регистар на дозволи и одобренија.
  • Води Регистар на дисциплински постапки.
  • Води Регистар на судски постапки и правни спорови.
  1. Судски и управни постапки:
  • Го застапува Друштвото во судски и управни постапки, самостојно или во соработка со адвокат.
  • Координира и соработува со адвокати, вештаци, преведувачи и други надворешни лица.
  • Ги води дисциплинските постапки и постапките за заштита од мобинг.
  • Учества во постапки пред државни органи, инспекции и други институции.
  • Следи рокови и обезбедува навремено преземање процесни дејствија.
  1. Работни односи и меѓународен ангажман:
  • Организира постапка за добивање дозволи за престој и работа на странски работници и соработници.
  • Дава правна поддршка во постапки за вработување, престанок на работен однос и дисциплинска одговорност.
  1. Советодавни и организациони задачи:
  • Дава правни совети на раководството и организационите единици.
  • Учествува во подготовка на интерни процедури и политики.
  • Извршува и други сродни правни работи во рамките на делокругот на службата.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • ВСС – Правен факултет;
  • Познавање на трудовото и деловното право;
  • Работно искуство од најмалку 3 години во корпоративен сектор;
  • Потребно познавање на MS Office;
  • Положен правосуден испит ќе се смета за предност;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Возачка дозвола Б категорија.

ШТО НУДИМЕ:

  • Конкурентни услови за работа со месечна плата која одговара на квалификациите и искуството;;
  • Обезбеден оброк и превоз до и од местото на работа;
  • Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа;
  • Почетен договор на определено време, со можност за продолжување.

РАБОТНО ВРЕМЕ:

Работа во дневна смена од понеделник до петок:

  • 08:00 – 16:00 часот

 

Доколку сте заинтересирани за оваа позиција, Ве молиме да го испратите Вашето CV (работна биографија) на македонски јазик на [email protected], заедно со копија од дипломата за завршено образование. Во предметот на пораката наведете “Оглас за Правник”.

Краен рок за поднесување на апликации: 20.03.2026 година.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Нецелосно пополнетите CV и непотполна документација нема да бидат разгледани.

ДПТУ Бучим ДООЕЛ  го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци.

 


 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

error: Содржината е заштитена !!