Претставува лист од растението Ocimum basilicum и се користи како зачинска билка, гарнир за повеќе различни јадења, но и за подготовка на чај. Други имиња: босилок, фасидијан, маслиџан Англиски: basil. Босилекот е едногодишна ароматична зелена билка која расте 30-40 сантиметри од разгрането стебленце. Листовите и’ се јајцевидни и на крајот зашилени. Малите, бели цветови се наоѓаат на горниот дел на стеблото. Целата билка има убав вкус и арома. Неизоставен дел е од подготовката на речиси сите јадења, како во традиционалната македонска кујна така и во интернационалната кујна. Босилекот е една од најспецифичните зачински билки, која освен во јадењата, се користи и против многу заболувања бидејќи има широка палета на лековита моќ. Првобитен дом на босилекот е Индија. Оддамна, уште пред 5500 години го познавале Египќаните, за што зборуваат и остатоците на билката пронајдени во гробниците на фараоните од тој период. Босилекот е позната и ценета билка за лек и како зачин. За одгледување на растението потребно е тло богато со хумус, како и сонце и заштита од ветришта. Билката е особено чувствителна на ниски температури, а не поднесува ниту поливање со студена вода. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови [metaslider id=”19966″] Post navigation НАМИРНИЦИ КОИ НЕМААТ РОК НА ТРАЕЊЕ ЖАЛФИА