Воиславци добива регулација на речното корито – повеќедецениски проблем со кој се соочуваа жителите на ова населено место. Со зафаќањето и уредувањето на суводолицата (поројот), кој при интензивни врнежи од дожд претставуваше сериозен ризик, се решава еден од најдолготрајните инфраструктурни предизвици во селото. Градежните активности се во завршна фаза и опфаќаат делница во должина од 156 метри. Во наредната фаза е предвидено започнување со изградба на улица по трасата на поројот, во должина од 640 метри. Со оваа инвестиција значително се подобрува безбедноста, се намалува ризикот од поплави и се создаваат услови за поквалитетен живот за жителите на Воиславци. © RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation По повод 7 Април-Светскиот ден на здравјето, во ЈЗУ „Здравствен дом“ – Радовиш беа домаќини на најмладите гости од градинка 8 Април – Светски ден на Ромите!