Зулфикар Зејнула е избран за нов претседател на Демократската партија на Турците во Македонија (ДПТМ) на 11. редовен конгрес што се одржа на 25 мај во Скопје. Зејнула, кој беше во трка со Ердал Ахмеди и Мухитин Кахвеџи, доби доверба од мнозинството делегати и ќе ја предводи партијата во наредниот мандат. Тој е поранешен заменик-директор на Дирекцијата за заштита и спасување и важи за политичар со долгогодишно искуство и добри релации со членството на терен. Новoизбраниот лидер доби силна поддршка особено од делегатите од западниот, источниот и југоисточниот дел на државата, каде ДПТМ традиционално ужива стабилна поддршка. Во обраќањето по изборот, Зејнула се заблагодари за укажаната доверба и порача дека партијата ќе продолжи да се залага за интересите на турската заедница во земјата и за активна улога во демократските процеси во државата. Post navigation 25 Мај: „ДЕН НА МЛАДОСТА„- сеќавање на штафетата (Видео 1979 год.) Одржан „Фолк фест Валандово“ на кој учествуваа композиции созададени во духот на македонската фолк музика