Како дел од својата мисија за поддршка и развој на културните и општествените вредности во заедницата, ДПТУ „Бучим“ ДООЕЛ Радовиш, во партнерство со Музејот на љубовта и уметноста, со гордост ја најавува изложбата на детски уметнички творби „Иднината е сега“.

Изложбата ќе биде свечено отворена на 14 август 2025 година (четврток), во 18:00 часот, во Музејот на љубовта и уметноста – Радовиш

Поставката ќе опфати околу 70 уметнички дела, создадени од најмладите креативци од Радовиш по повод „Денот на детето“, од децата на вработените во рудниците „Бучим“ и „Боров Дол“, од најмладите учесници во детската градинка „Ацо Караманов“, како и од деца од странство кои учествуваа во меѓународниот проект „Иднината е сега“. Нивните искрени и шарени визии ќе понудат свеж и инспиративен поглед кон свет исполнет со природа, радост и заедништво.
Изложбата ќе биде збогатена со врвна музичка изведба на пијанистот Петар Трбојевиќ, кој со прецизна техника и уметничка зрелост ќе претстави внимателно одбран репертоар од класичната музичка литература, внесувајќи ја публиката во свет на извонредна музичка естетика и емоција.

Овој настан има за цел да ја промовира детската креативност, да ја збогати локалната културна сцена и да го зајакне чувството на заедништво во заедницата.

Ве покануваме да бидете дел од оваа инспиративна приказна и да ги поддржиме младите таленти од Радовиш, чии дела ни ја претставуваат иднината што сите ја посакуваме.

 

error: Содржината е заштитена !!