Кадетската екипа на РК Радовиш денес со уште една убедлива победа против екипата на РК Филип Вардар од Прилеп. Младите ракометари на РК Радовиш, беа супериорни и во овој натпревар против врсниците од Прилеп, единствена светла точка во текот на целиот натпревар гостите ја имаа со изедначувањето 13-13 во текот на првото полувреме, со што нашите ракометари заминаа на пауза од 3 гола предност 18-15. Второто полувреме продолжи со исто темпо, дозволувајки му на противникот да изедначи уште еднаш на 19-19, но крајот на натпреварот беше во знак на ракометарите на РК Радовиш. Овој натпревар беше од Кадетската лига се играше во Спортската сала во Радовиш. РК РАДОВИШ-РК ФИЛИП ВАРДАР (кадети) 36-31, (18-15) Post navigation ФК ДЕТОНИТ УТРЕ ВО НАТПРЕВАРОТ СО ФК КИТ-ГО, ПЛАЧКОВИЦА ГОСТУВА НА ФК ПАРТИЗАН ОБРШАНИ ДЕТОНИТ НЕ УСПЕАА ПРОТИВ ФК КИТ-ГО