Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр. 5/02), и врз основа на склучениот Меморандум за соработка бр. 09-823/1 помеѓу општина Радовиш и Универзитет за туризам и менаџмент во Скопје, Градоначалникот на општина Радовиш, распишува конкурс за 15 стипендии. ЕЛС општина Радовиш и Универзитетот за туризам и менаџмент доделуваат 15 (петнаесет) стипендии за упис на додипломски студии во академската 2022/2023 година а ќе важат за период од четири години заклучно со 2026 година, 2.Стипендиите се во износ од вкупно 7000 евра, а ќе се доделуваат на следниот начин: во Прва година 1000 евра, а во Втора, Трета и Четврта година по 2000 евра. 3.Стипендиите важат за запишување на следните Факултети од Универзитетот за туризам и менаџмент: -Факултет за туризам -Економски факултет -Факултет за меѓунроден маркетинг менаџмент -Факултет за менаџмент на човечки ресурси -Факултет за информатика Услови за доделување на стипендии Право за конкурирање имаат сите дипломирани средношколци кои завршиле средно образование во СОУ „Коста Сусинов“, се жители од општина Радовиш и државјани на Република Северна Македонија. 5.Потребни документи за учество на конкурсот Барање до општина Радовиш; Фото копија од лична карта, или пасош; Свидетелства за прва, втора, трета и четврта година средно; Диплома за завршено средно образование; Уверение за дравјанство; Трансакциска сметка (на кандидатот што конкурира); Семејно уверение; Уверение од УЈП за остварени приходи на родителите или старателите за 2021год.; Изборот на кандидатите ќе го изврши комисија која ќе биде формирана од страна на Градоначалникот на општина Радовиш. Напомена: Предност во доделувањето на стипендиите ќе имаат одлични ученици, ученици од социјално загрозени семејства, ученици кои се деца без родители и ученици од ранливите категории граѓани 6.Место и рок за поднесување на документите Барањата со потребните документи се доставуваат во Архивата на општина Радовиш во затворен плик со назнака: „За конкурс за стипендирање на Универзитет за туризам и менаџмент – Скопје “ Рокот за поднесување на документите е 20 работни дена заклучно со 08.06.2022 година. Некомплетните и ненавремено доставените документи нема да се разгледуваат. Резултатите ќе бидат објавени во рок од 10 дена од завршувањето на конкурсот, на огласната табла во општина Радовиш и на ВЕБ страната на општина Радовиш. По објавувањето на резултатите, незадоволните кандидати во рок од 5 (пет) дена, можат да поднесат приговор до Комисијата или до Градоначалникот на општина Радовиш. Комисијата е должна во рок од 5 (пет) дена да одговори на доставениот Приговор. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ДЕЧИЊАТА ОД „АЗУРИ“ СТАНАА РЕГИОНАЛНИ ШАМПИОНИ „ПОДОБРИ ОПШТИНИ СО НАВРЕМЕНО ПОДМИРУВАЊЕ ДАНОК НА ИМОТ“ – Општина Радовиш партнер на проектот „ Мојот данок, за мојата општина! “