Полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.А.(26) од Радовиш. Тој се сомничи дека во текот на денот извршил неколку кражби во Велес, односно од дом на 70-годишната С.С., одзел два мобилни телефони, од домот на 81-годишната П.С. еден мобилен телефон, од Љ.Љ.(68), додека бил во бифе, паричник со пари и од 46-годишната Н.К., додека била на работа во продавница, одзел паричници со пари. Кај него биле пронајдени мобилните телефони, како и дел од парите и еден паричник и тие се вратени на сопствениците, соопшти МВР. Исто така, при прегледот кај него биле пронајдени и одземени кафена прашкаста материја и зелена растителна материја, а во извршениот службен разговор кажал дека купил поголема количина дрога од која подоцна им дал на други две лица, со што сторил и кривично дело по член 216 од Кривичниот законик „овозможување на употреба наркотични дроги“. Тој е приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настаните против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. *фото Архива Post navigation Достапно онлајн закажувањето за термин за нова лична карта, возачка дозвола и пасош Утрински високи температури, попладне можност за нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи